Пејачкат Гоца Тржан јавно во емисијата „Магазин Ин“, призна дека имала секс за една ноќ. Таа објасни дека не гледала никаков проблем во тоа.
„Жал ми е за некои жени, за кои заљубувањето служи како изговор за секс за една ноќ. Стопати имам слушнато колку страшно се заљубиле по таа една ноќ“, изјавила Гоца, која потоа призна дека и таа порано се нашла во иста ситуација и дека не гледа никаков проблем во тоа.
Тржан е позната по тоа што секогаш јавно го кажува тоа што го мисли и дека секогаш е искрена во своите намери и разговори со пријателите и пријателките.