Фановите го обвинија Џерард Пике дека по Шакира ја изневерил и новата девојка, младата студентка Клара Чио Марти. Прв кој зборуваше за аферата е шпанскиот новинар Јори Мартин кој рече дека имал нова афера со адвокатката Јулиа Пуиг.
Му пиша на „Твитер“ дека самиот е крив што се нашол во ваква ситуација и дека не треба да го чуди тоа што Шакира го сврте целиот свет против него. Пике брзо потоа објави фотографија со Клара.
За потсетување, Шакира неодамна објави и песна во која го исмеа бившиот затоа што ја изневерил. Му порача дека заменил „Ферари“ за „Твинго“ и „Ролекс“ за „Касио“, а тој и врати дека правела само циркус.