Гугл воведува новитети на својот интернет-пребарувач

Гугл воведува новитети на својот интернет-пребарувач

пред 3 години

На почетокот на своето лансирање, најпопуларниот интернет-пребарувач во светот „Гугл“ се разликуваше од конкуренцијата по начинот на пребарување, но и по изгледот на почетната страница, објави „9to5Google“.

Додека тој се истакнуваше со единствен, чист дијзан, само со лого и поле за пребарување, останатите „Yahoo“, „MSN“ или „Altaviste“ имаа почетни страници со разна содржина.

Но деновиве, некои корисници забележаа дека дополнителни содржини се појавуваат на дното на екранот на нивната работна површина, на почетната страница на „Google.com“. Очигледно се работи за тетстирање на најголемата промена на најпосетуваната веб-страница во светот. Па така, се појавиле шест помали прозороци на дното на екранот, врз основа на преференциите на корисникот, локацијата и слично.

Според корисниците кои го виделе овој експеримент, ги имало следните содржини:

  • Временска прогноза за моменталната локација
  • Теми во тренд, моментално најпопуларни на пребарувачот
  • Предлози за гледање серии и филмови
  • Состојба на берзата
  • Предлози за претстојните настани во близина на корисникот
  • Преглед на најновите вести за Ковид-19

Тие велат дека содржината може да се скрие со кликнување во долниот десен агол на екранот. Исто така, со кликнување на кој било од табовите се отвора страница со повеќе детали за темата што го интересира корисникот.

Засега ова е тест со ограничен опсег и не е познато дали воведувањето на овој додаток се разгледува глобално и за сите корисници.

Share
Scroll to Top