Даниел Кајмакоски се јави од болница: Три дена сум овде, да оставиме надлежните да ја вршат работата

пред 4 години

Пејачот Даниел Кајмакоски преку социјалните мрежи се заблагодари за грижата и поддршката. Тој во петокот бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Пријавил дека бил на средба со поранешната сопруга која му дала кафе од кое му се слошило.

„На сите мои пријатели и фанови, сакам да им се заблагодарам за грижата и поддршката. Трет ден сум во болница. Би ги замолил медиумите за разбирање, како и да не објавуваат непроверени информации. Да оставиме надлежните органи да си ја вршат својата работа согласно законот за расчистување на случајот“, напиша на „Фејсбук“ Кајмакоски.

Неговата поранешна сопруга Кристина Димитријевска рече дека не сака да ги коментира обвинувањата од поранешниот сопруг.

Кајмакоски во болница, се сомнева дека бившата му ставила нешто во кафето

Share
Scroll to Top