Да наполниме батерии во скапа тарифа: Златна Бубамра ја најави приредбата за 16 март

Да наполниме батерии во скапа тарифа: Златна Бубамра ја најави приредбата за 16 март

пред 2 години

Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски“. Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“, омилената манифестација ќе направи пресек на овогодишната креативна продукција, сатирично ќе ja раскаже измината година и ќе ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот.

„Во ова време на енергетска, инфлaциска, морална и духовна криза, Златана бубамара ја повикува публиката да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение“, велат од тимот на Бубамара.

Наградата за животно дело овој пат која ќе ја добие братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, кои ги напишаа некои од најубавите песни во антологијата на македонската народна музика. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 23 февруари во 12 часот перку сервисот на karti.com.mk и mktickets.mk

Од Бубамара најавуваат незаборавна престава од 3 часа, за секој посетител на секое седиште традиционално ќе има шише вода и ветување дека сите ќе се вратат дома пред да бидат исклучени уличните светилки.

Share
Scroll to Top