Двајца директори на основни училишта се степаа среде дискотека во Кавадарци

Двајца директори на основни училишта се степаа среде дискотека во Кавадарци

пред 12 месеци

Двајца директори од Кавадарци на две основни училишта вчера се степале пред ноќен клуб во центарот на градот.

На социјалните мрежи се појави видео, кое за кратко време беше избришано на кое двајца возрасни мажи кои се тепаат, а потоа присутните ги разделуваат. Тие биле приведени во полициската станица поради напад на обезбедувањето, под дејство на алкохол, како и поради нарушување на јавниот ред и мир.

Родителите на децата кои одат во тие две училишта се згрозени и јавно прашуваат како може носители на јавни функции се однесуваат на недоличен начин.

„Ние како родители сме згрозени од ваквиот однос во дискотека каде излегуваат нашите деца и бараме да се превземе одговорност и да си поднесат морални оставки. Градоначалникот и градот да превземат мерки за ваквиот недоличен однос од страна на директорите на основните училишта“, порачаа родителите преку групата на Фејсбук „Реално Кавадарци“.

Share
Scroll to Top