Американска двојка патувала дури 31 час за да го гледаат нивниот омилен фудбалски тим Тотенхем. За жал, во Англија ја дочекало огромно разочарување откако вчерашниот меч со Барнли беше одложен поради многу снег.
„31 час без спиење. Само кафе, крекери со сирење и уште кафе. Предвидуваат ниски температури и снег на денот на мечот. Тоа се работите што ги правиш кога сакаш еден клуб“, напишаа Кен и Бренди на Твитер.
Бидејќи снегот не престана да паѓа и вчераутро, на стадионот „Турф мур“ немаше услови за игра, па мечот беше откажан половина час пред да почне.
Кен и Бренди морале да се соочат со реалноста, но нивниот прв твит во меѓувреме бил споделен над 4.000 пати и за него станал свесен и капитенот на Тотенхем, Хари Кејн. Тој ги покани да бидат негови гости следниот пат кога ќе бидат во Лондон.