Шеесет и петгодишен дедо од Кина ја шокираше нацијата откако го открија дека ја киднапирал сопствената внука и побарал откуп од 70.000 долари од својата ќерка. Бизарната приказна, која збесна милиони Кинези, започна кога мажот по име Јуан, тргнал да ја земе својата внука од училиште.
Наместо да ја однесе дома кај родителите ѝ се јавил на мајката на девојчето, неговата ќерка, за да ѝ каже дека треба да му плати половина милион јуани ако сака повторно да ја види. Дедото не можел да ја контролира зависноста од коцкање, па ѝ се заканил дека ќе ја убие ако во рок од три дена не му плати.
Ќерка му веднаш повикала полиција и Јуан бил уапсен. Не е јасно кога точно се случил инцидентот, но Шангајскиот правен весник неодамна објави дека потенцијалниот киднапер веќе бил во затвор поради неговите непромислени постапки.
Се обидел за се да ѝ префрли на ќерката, тврдејќи дека таа не го сакала она што е добро за него и дека наместо да му обезбеди подобар живот, таа само сакала да умре. Ја обвини и дека била неблагодарна.
Повеќето луѓе го осудија Јуан за неговите постапки, велејќи дека тој не заслужува ни да го нарекуваат татко и дедо и ја советуваа ќерка му да ги прекине сите врски со него до крајот на животот.