Децата ги бањаат само кога се валкани, често и без сапун: Хигиенските навики на Мила Кунис и Ештон Качер

Децата ги бањаат само кога се валкани, често и без сапун: Хигиенските навики на Мила Кунис и Ештон Качер

пред 3 години

Мила Кунис и Ештон Качер ја изненадија јавноста, откако на неодамнешното гостување на поткастот „Експерт од фотелја“ ги споделија нивните хигиенски навики.

Откако еден од водителите на поткастот, Моника Падман, изјави дека секојдневната употреба на сапун ја прави кожата посува, парот истакна дека се согласуваат со тој став и дека во нивната куќа се пере секој ден само она што мора.

Тие признаа дека ги бањаат ќерката Вајат (6) и синот Димитри (4) само кога изгледаат валкани, но не секој ден како што е случај со повеќето родители. Како што открија, дури и кога ќе одлучат да ги бањаат децата, речиси не користат сапун затоа што не сакаат да им се исуши кожата.

„Немав топла вода додека растев, па секако не се туширав толку често”, рече Кунис, појаснувајќи за животните услови во Украина.

„Не бев родителот кој го капеше новороденчето секој ден, никогаш”, додаде таа.

„Значи, едноставно е: ако видите дека се валкани, измијте ги. Во спротивно, нема потреба. Тој принцип се однесува и на сите други хигиенски навики“, појаснува нејзиниот сопруг, Ештон Качер.

Тој истакна дека на тој начин воспоставиле „систем” за нивните деца. Но исто така и додаде дека секој ден ги мие „пазувите и меѓуножјето и ништо друго”, како и тоа дека се тушира после тренинг, односно има навика да го измие лицето со вода за да ја отстрани потта, додека Кунис вели дека го мие лицето двапати дневно.

 

Share
Scroll to Top