Дизајнерката Данче Лазарова ја промовира својата прва колекција венчаници

Дизајнерката Данче Лазарова ја промовира својата прва колекција венчаници

пред 3 години

Младата креаторка Данче Лазарова (20) од Струмица, ја промовира својата прва колекција венчаници, наречена „Бисерна снежност“. Колекцијата има пет фустани, изработени од свила и сатен.

„Белината секогаш ме асоцира на убавина, мир, спокој и позитива. Така и ми дојде инспирацијата да креирам венчаници, бели фустани кои ќе се излеваат со блескава свила и бисери, а секоја дама што ќе ги носи, ќе се чувствува отмено и елегантно“, вели Данче за „Репортер“.

Дизајнерката Данче Лазарова

 

Лазарова креира облека веќе неколку години. Таа лани имаше изложба на модни креации во Домот на културата во Струмица. Меѓу оние за коишто дизајнира е и моделот и мис, Кристина Димитријовска, која носеше облека од модната дизајнерка на неколку јавни настани, а и во спотот за нејзината претпоследна песна.

 

 

Share
Scroll to Top