Диџеј Александар Галоски е на светската листа за најдобри продуценти и артисти за електронска музика

Диџеј Александар Галоски е на светската листа за најдобри продуценти и артисти за електронска музика

пред 3 години

Македонскиот диџеј и продуцент Александар Галоски (30) влезе во историјата како прв артист од Македонија кој се рангира на елитната и светска 101tracklist и тоа на 69-тото место на најдобри продуценти и најподдржани артисти за електронска музика во светот.

Тој е еден од ретките балкански артисти кој има милионски преслушувања на музичката стриминг платформа Spotify. Исто така, тој ја доби титулата за Артист на месец Јули од страна на Tomorrowland, eден од најголемите музички фестивали и рендови, претставајќи го како артист со светла иднина. Но доби и поддршка од популарниот хит-мејкер Џонас Блу.

Неговите изданија летово беа емитувани на светски познатното BBC Radio и KISS FM, како и на уште многу други реномирани радио станици низ светот. Истите можат да се слушнат и на плејлистите на најголемите светски диџеи како Тиесто, Дејвид Гета, Мартин Гарикс, Афроџек, Стив Аоки, Дон Дијабло, Алесо итн.

Најновото музичко дело на Галоски, „Thinking About You“, официјално ќе излезе во петок во издание на Future Music House, која важи за една од најголемите издавачки куќи во светот.

Share
Scroll to Top