Фудбалерот на Барселона, Серхио Агуеро се јави по гласините за проблемите со срцето. Тој пред десетина дена на мечот со Алавес во шпанското фудбалско првенство за момент се фати за градите, легна на теренот, а потоа беше и изваден од игра.
Агуеро беше префрлен веднаш во болница, каде му беа направени тестови кои открија проблеми со срцето. Од клубот потврдија дека тој нема да може да игра во наредните три месеци. Напаѓачот на Твитер напиша дека е добар и дека ги слуша советите на лекарите.
„Поради гласините сакам да ви кажам дека ги следам советите на клупските лекари, работам тестови и се лечам. Напредокот треба да се види за 90 дена. Само позитивно“, рече Агуеро.