Добила 10. години затвор, само затоа што сакала да изгледа како Анџелина Џоли

Добила 10. години затвор, само затоа што сакала да изгледа како Анџелина Џоли

пред 10 месеци

Деветнаесетгодишната Фатима Кишванд позната како Сахар Табар од Иран, е осудена на 10 години затворска казна. Сахар која меѓу луѓето е позната и како Анџелина Џоли зомби, е осудена на затворска казна, поради фотошопирање на нејзини фотографии.

Таа ги преработувала нејзините фотографии, за повеќе да личи на холивудската глумица. Таа претходно беше уапсена поради објавување на непримерни содржини на социјалните мрежи. Поради тоа, многу од корисниците ја пријавуваа и ја обвинија за богохулење и насилство.

Сахар на „Инстаграм“ објавувала преобработени фотографии, кои ги правела во прграми за уредување. Таа си ги зголемувала устата и јаболчните коски, за да личи на глумицата. Неа ја следеле 500.000 луѓе, за на крај да биде уапсена на 5. октомври 2019 година.

Нејзините објави многумина ги толкуваа како шега, но не и иранските власти. Освен неа, уапсени се уште три други инфлуенсерки. Досега Џоли се нема огласено по овој повод. Иако досега имала направено неколку операции, таа вели дека нејзиниот изглед го постигнала најмногу со шминка.

Една од попознатите ирански новинарки, Маших Алинеџад, за светските медиуми открила дека разговарала со нејзината адвокатка и дека таа и потврдила дека нејзината клиентка е осудена на 10 годишна затворска казна, поради промовирање на копруција.

Таа се огласи и на „Твитер“ и побара целиот свет да дознае за приказната на двојничката на Анџелина Џоли.

„Иранската инфлуенсерка доби 10. години казна затвор, затоа што користела само шминка и фотошоп, за да стане еден вид на зомби Анџелина Џоли. Таа има само 19. години. Малку се пошегува и сега поради тоа ќе оди во затвор. Мајка и непрекинато плаче. Сака нејзината ќерка да ја ослободат. Драга Анџелина Џоли, потребна ни си сега. Помогни ни“, напишала новинарката и ја повикала глумицата да ја потпише петицијата за ослободување на тинејџерката.

 

Share

AnimeBee: Monster Hunter Stories: Ride On (Dub) anime episode 48 online free at https://animebee.to stream anime online

AnimeFreak Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AnimeKisa: Smart-san anime episode 1 online free at https://animekisa.in animekisa

KissAnime: Nanbaka (Dub) anime episode 13 online free at https://kissanime.mx fire force kissanime

Raovat: https://raovat.vn/members/animefreakws.67164/#about

Animeflixnl contently: https://animeflixnl.contently.com/

Scroll to Top