Доли Партон собори три Гинисови рекорди за нејзините достигнувања во кантри-музиката. Таа доби три нови сертификати од Гинисовата книга, за долговечност на дело, најмногу децении на американската топ листа и најмногу број еден хитови на женски изведувач.
Првиот рекорд што го собори, беше оној кој веќе го држи. Со 75 години, пејачката е сила во кантри-музиката во текот на шест децении, од 1960-те до 2020-те. Тоа е рекорд за долговечност на дело.
Музичка легенда неодамна постави два нови рекорда: најмногу децении на американската табела Hot Country Songs на жена-изведувач, вкупно седум, и најмногу број еден хитови на женски изведувач на Hot Country Songs, вкупно 25.
Доли, исто така, со 109 хитови го надмина сопствениот рекорд за најмногу хитови на женски изведувач на листата за кантри-песни Hot Country Songs.
Таа претходно го постави рекордот во 2018 година за највеќе децении меѓу топ 20 хитови на Hot Country Songs.
Признанијата на Партон ѝ беа врачени во Нешвил, Тенеси.