Еклерите се типичен француски колач познат ширум светот. Дури и ако никогаш не сте го јаделе овој десерт, сигурно сте запознаени со вкусот. Свиленкастиот фил помеѓу крцкавите кори наликува на принцес крофни, но, за разлика од нив еклерите се прелиени со чоколадо.
Не ви е потребна голема вештина за правење на еклери, но тие бараат малку повеќе време. Сепак, на крајот целиот труд ќе ви се исплати и ќе уживате во вкусот.
Состојки: За кората потребни ви се: 250 мл вода 125 гр путер 150 гр брашно 1 лажица шеќер 4 јајца За филот: 500 мл млеко, 4 жолчки, 100 гр шеќер, 100 мл слатка павлака, екстракт од ванила
За преливот: 70 гр чоколадо, 50 мл слатка павлака
Подготовка: Во сад ставете вода сол, шеќер и путер. Оставете ја да зоврие. Додадете брашно и мешајте додека не зоврие. Во изладеното тесто додавајте по едно јајце со постојано мешање со миксер. Кога ќе ја добиете смесата исцедете ја на обложена хартија за печење.
Исцедете го тестото и испечете го на 200 C додека не порумени. Оставете го млекото да зоврие, а во меѓувреме изматете ги жолчките со шеќерот, за да добие арома и густина на ванилата. Масата од жолчка истурете ја во млекото што врие и варете го филот, а потоа оставете го да се излади.
Кога ќе се олади, убаво изматете го со миксер, додадете слатка павлака и повторно изматете се. Чоколадото и слатката павлака растопете ги на тивок оган. Еклерите пресечете ги на половина, наполнете ги со фил, а потопете и со чоколаден прелив. Кога ќе се изладат може да ги послужите.