Еден од разбојниците што ја ограби Ким Кардашијан во Париз напиша книга за грабежот

Еден од разбојниците што ја ограби Ким Кардашијан во Париз напиша книга за грабежот

пред 1 година

Пет години откако ријалити ѕвездата Ким Кардашијан беше ограбена во Париз, еден од петмината разбојници, Јунис Абас, ќе ја објави книгата „Јас ја разочарав Ким Кардашијан“. Таму раскажува детали за настаните што се случија таа вечер. Абас е уапсен и чека судење, па објавувањето на книгата, според француските медиуми, е признание на вината.

„Дејли меил“ објави детали од книгата. Абас прераскажува неколку приказни од вечерта кога се случил грабежот. Тој објаснува дека Ким се обиделеа да повика полиција на 911 по грабежот, и покрај тоа што била во Франција, а бројот за итни случаи што треба да ги алармира властите во земјата е 112.

„Нашите две убавици (со секретарката) тврдоглаво се обидуваа да се јават на 911, на бројот за итен повик за САД“, пишува Абас во романот. „Не е многу ефикасен кога сте во Париз“.

Ким и нејзината секретарка престојуваа во луксузниот комплекс „Хотел де Порталес“ во Париз за време на Модната недела во октомври 2016 година, кога разбојници упаднаа во нивниот апартман, ја врзаа Кардашијан, а потоа ѝ се закануваа со оружје и ѝ украдоа накит вреден 10 милиони долари, вклучувајќи го и свршеничкиот прстен.

Абас во книгата раскажал и дека во грабежот го зеле и мобилниот на Ким. И додека со велосипеди бегале од хотелот, виделе дека ѝ се јавува пејактата Трејси Чепмен.

„Во моментот кога слушнав полициски автомобил, звукот на телефонот ме натера да скокнам. Пред моите очи, името на [Чепмен] се појави на екранот на телефонот. Не е можно. Сигурно халуцинирам,“ пишува Абас.

Другите детали, за тоа како групата користела стари лица кои престојувале во хотелот за да соберат информации за Ким, се исто таа вклучени во книгата. Книгата ќе излезе во продажба на 4 февруари.

Share

https://animeheaven1.com/. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

anime online My Hero Academia Season 2

stream anime online AnimeHeaven Horimiya (Dub)

anime website AnimeHeaven Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

Attack on Titan (Dub) Episode 24

That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub)

tải go88
Scroll to Top