Желка предизвика сообраќајка во Њу Џерси

Желка предизвика сообраќајка во Њу Џерси

пред 2 години

Желка предизвикала верижна сообраќајка во Њу Џерси. Три автомобили се судриле, откако еден од нив нагло запрел за да ја пушти желката да ја премине улицата. Другите двајца се удриле во него одма потоа.

dobivaj vesti na viber

Возачот од Кејп Меј Поинт во Њу Џерси закочил додека се возел низ Стоун Харбор, место познато каде морските желки се гнездат и го преминуваат патот. За да не го прегази рептилот, возачот наеднаш застанал, рекоа пожарникарите кои подоцна дошле на лице место да помогнат.

Автомобилот зад него удрил во него, а потоа тој зад него пак удрил во двајцата. Сите три автомобили се тешко оштетени, но за среќа никој не е повреден, рекоа пожарникарите.

„Ве моли,е, кога застанувате за желките, проверете дали возачите зад вас имаат време да застанат исто така. Ја разбираме желбата да не се повредат желките, но и другите животи се подеднакво важни“, рекоа тие.

Желките лазат од соленото мочуриште во Кејп Меј и често се гледаат како ја преминуваат улицата во потрага по суво место во периодот меѓу мај и септември.

 


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top