Владата на Хонг Конг објави дека ќе додели 500.000 бесплатни авионски билети со цел да го заживее туризмот и повторно да привлече посетители во градот, објави Си-Ен-Ен.
Иницијативата „Здраво, Хонг Конг“, бесплатните билети планира да ги подели за рок од повеќе од две години. Бесплатните билети ќе бидат распределени меѓу трите градски авиокомпании – Cathay Pacific, HK Express и Hong Kong Airlines, а 500.000 билети го чинат градот вкупно околу 254,8 милиони долари. Патниците кои сакаат бесплатно да патуваат во Хонг Конг можат да ја посетат целната страница „Светот на победниците“ од 1-ви март за да ги внесат своите имиња во лотаријата за да добијат билети.
Како што е најавено, билетите ќе се делат во три наврати: од 1-ви март до луѓето низ Југоисточна Азија, од 1-ви април до континентална Кина и од 1-ви мај до жителите од другите делови на светот, а во акцијата можат да учествуваат и локални жители.
Хонг Конг почна да ги откажува јавните настани во јануари 2020 година, кога беа пријавени првите случаи на корона.
Патувањето до и од Хонг Конг за време на пандемијата беше премногу скапо, со строг карантин во сила, кој траеше максимум 21 ден, како и барања за повеќекратни ПЦР тестови за патниците. Пред пандемијата, Хонг Конг го посетуваа просечно 56 милиони туристи годишно, а во 2022 година тој број падна на околу 100.000.