Семејството, пријателите и колегите од естрадата како и актери денес се собраа на промоцијата во Скопје на постхумниот албум со необјавени песни „Последно танго“ на Влатко Илиевски. Измешани емоции на радост и тага денес доедка се слушаа песните од новиот албум. Тука беа и спомените оти Влатко денес ќе полнеше 37 години.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Албумот содржи 14 песни. Првпат беа претставени песните кои беа подготвувани за неговиот нов студиски албум, кој никогаш не го сними. Овие песни кои денес беа се на неговиот албум, необјавени, се еден негов музички тестамент. Татко му на Влатко, Драган „Вршац“ е инцијатор на денешната промоција на постхумниот албум
Влатко Илиевски, е роден на 2 јули 1985 година во Скопје, а трагично почина на 6 јули 2018 година, на 33 години. На музичката сцена беше активен од 2000 година. Свирел гитара во локални скопски бендови, членувал во бендот „Мејд ин Маседониа“, а потоа стана познат како вокал на групата „Морал“. Од 2007 година почна солистичка кариера и имаше два албума со вкупно 20 песни. Во 2011 година ја претставуваше Македонија на Евросонг во Диселдорф, Германија, со песната „Русинка“. Беше дипломиран актер на ФДУ,
Фото: В. Тануровски