Знаци дека најверојатно за него сте само минлива авантура!

Знаци дека најверојатно за него сте само минлива авантура!

пред 4 години

Особено доколку се препознавате во овие три работи…

Воопшто не ги познавате неговите пријатели. Во случај да има огромен број на пријатели, а вие да знаете само неколку од нив и тоа случајно, тоа е знак дека вас не ве гледа како некоја значајна личност во својот живот, ниту планира заедничка иднина со вас.

Не сака другите да знаат дека сте заедно. Ако фраерот со кој се забавувате не ве испушта од рака во вашиот или неговиот стан, а во јавност скоро и да не ве погледнува, ниту допира, тогаш тоа е знак дека не сака да ве претставува на другите… или барем не сè уште.

Не покажува желба подобро да ве запознае. Оној кој е вреден за вашиот труд и внимание, ќе направи сè за да ве воодушеви, но и да дознае што е можно повеќе за вас и вашиот живот. Ќе одбере фин ресторан, заинтересирано ќе ве испрашува околу вашите желби, интереси и дискретно ќе ги истакне своите квалитети како би ве воодушевил. Ако не сака да вложи нималку труд, тоа е знак дека сака само пропратна авантура.

Share
Scroll to Top