Илон Маск размислува да покрене нова социјална мрежа

Илон Маск размислува да покрене нова социјална мрежа

пред 3 години

Основачот на „Тесла“ Илон Маск, планира да создаде нова сопствена социјална мрежа. Милијардерто претходно го критикуваше „Твитер“ тврдејќи дека оваа платформа не дозволува слобода на говор.

„Со оглед на тоа што „Твитер“ де факто служи како јавен градски плоштад, непочитувањето на принципот на слобода на говор суштински ја поткопува демократијата“, рече Маск и додаде дека е потребна нова платформа.

Ако успее во својата намера, Маск ќе им се приклучи на листата на јавни личности и технолошки компании кои ги напуштаат воспоставените мрежи на социјалните медиуми и создаваат свои платформи.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, на кој му беше забранет „Твитер“ од јануари 2021 година, го лансираше Truth Social во февруари како дел од неговата медиумска и технолошка група.

Рамбл, Парлер, Гетр исто така се формирани како алтернативи на мејнстрим социјалните мрежи. Парлер беше отстранет од продавницата за апликации на Apple поради обвинувањата дека на 6 јануари демонстрантите ја користеле платформата за да поттикнат насилство во Капитол.

Тој беше повторно лансиран во април, откако компанијата направи подобрувања за подобро откривање и намалување на говорот на омраза.

 


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top