Италија иако беше исфрлена од Македонија сепак би можела да оди на Светско

Италија иако беше исфрлена од Македонија сепак би можела да оди на Светско

пред 3 години

Италијанските медиуми во средата ја пренесоа веста дека Италија сепак би можела да оди на Светско, иако беше исфрлена од Македонија.

Ова би можело да се случи под услов Иран да биде исфрлен. Ваквата казна би можела да следи откако на натпреварот против Либан, кој Иран го доби со 2:0, организаторите им забранија на жените да присуствуваат на трибините.

И покрај препораките на ФИФА од 2019 година, Иранците не дозволија 2000 жени да седнат на нивните места иако имале уредно платено карти. Светската куќа на фудбалот веќе го опомена тамошниот сојуз да не помислува на ваквата забрана, но Иран не го почитуваше тоа.

Сега се отвора мала шанса Италија да биде дел од најголемиот турнир на светот, кој досега го имаше освоено четири пати.

Вознемиреност меѓу Иранците внесе и членот со најдолг стаж во раководството на фудбалскиот сојуз Мердад Серадши, кој на „Твитер“ напиша дека слушнал загрижувачки информации од Светската фудбалска федерација.

Ако ова сценарио се оствари, најмногу би профитирале Италијанците, затоа што ФИФА го задржа правото на Мундијалот 2022 година да ја испрати најдобрата пласирана репрезентација на ранг-листата, а која не изборила учество низ квалификациите.

Во случај на Иран да му биде забрането учество, таа репрезентација ќе биде втората која нема да смее да се натпреварува по Русија, на која ѝ беше забрането поради војната во Украина.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top