Да му помогнеме на Кико да застане на нозе: уште едно дете се соочува со болест и потребни се пари за лекување

И естрадата се обедини за Кико, најавен е концерт со десетина ѕвезди

пред 3 години

Дел од естрадата се обедини и ќе одржи хуманитарен концерт за Кико, момчето кое мора итно да замине на третман во Турција. Јутуберот Стефан Лазаров посочи дека следниот вторник, во 21 часот, во Домот за култура во Штип ќе биде хуманитарниот хепенинг.

Извесен е настап на десетина естрадни ѕвезди од Македонија. Меѓу нив Тајзи, Таско, Барбара Ракичевиќ, ДЈ Боно, Огнен Здравковски, Пајак, Иван Јованов.

Картата ќе чини симболични 200 денари, ќе има и кутии за донации. Може да се донира и на Тлеком 143 130 и А1 143 471.

 

Share
Scroll to Top