И посакувам сè најдобро, таткото на Бритни Спирс побара прекин на старателството

И посакувам сè најдобро, таткото на Бритни Спирс побара прекин на старателството

пред 3 години

Таткото на поп пејачката Бритни Спирс, Џејми, побара од судот во Лос Анџелес прекин на неговото 13 годишно старателство над ќерката, известија медиумите во средата, а пренесе „Ројтерс“.

Џејми во август поднесе во судот барање за прекин, во кое рече дека сака да се откаже од оваа улога. Во новиот документ, тој побара уште појасно да се прекине целосно старателството.

„И посакувам сè најдобро, треба да добие можност да се докаже. Верувам дека е способна сега самата да управува со својот живот“, рече Џејми.

Напиша дека судот треба да разгледа дали на Бритни и е потребно старателство и дека таа има право на такво нешто. Тој напиша дека судот можеби треба да ги промени околностите околу старателството, ако постојат сомнежи дека такво нешто е потребно.

На сослушувањето во јуни, Бритни пред судот рече дека старателството кое го добил татко ѝ во 2008 година, е навредливо и понижувачки за неа и побара да му се одземе правото да управува со нејзиниот имот вреден 60 милиони долари.

Судското рочиште за расправата за Бритни е закажано за 29 септември во Лос Анџелес.

 

Share
Scroll to Top