И по 20 години ме прашуваат каков е во кревет, познатата британска водителка откри за врската со Џорџ Клуни

И по 20 години ме прашуваат каков е во кревет, познатата британска водителка откри за врската со Џорџ Клуни

пред 2 години

Британскиот модел и познатата телевизиска и радио водителка Лиса Сноудон, се пожали дека лушето се уште ја прашуваат за врската со Џорџ Клуни и каков е тој во кревет. Двајцата се запознаа на снимањето на реклама за Мартини во 2000 години и беа заедно пет години.

„Никогаш не зборувам за тоа. Понекогаш мислам дека на мојата надгробна плоча ќе пишува: Џорџ Клуни еднаш излегуваше со Лиса Сноудон“, рече Лиса која во 90 години се етаблираше како еден од најомилените и најдобри платени модели.

Таа призна дека додека одела со Клуни, глумецот бил шармантен и дека ѝ било поприлично убаво, но и диво.

Лиса уште како дете сонувала дека ќе стане танчерка на „Вест енд“. Таа одела во школо за применета уметност исто како и нејзината колешка Наоми Кембел и за себе вели дека имала големи планови. Нејзиниот талент го забележале скаути од една агенција за танц во Лондон.

Набрзо потоа почнала да добива ангажмани за едитирање и реклами. Се појавувала и во магазините „Вог“ и „Марија Клер“, но досега ја немаат ангажирано да носи ревии, затоа што била премногу раскошна.

Најголемиот проблем и создавале нејзините облини. Една дизајерка во Париз ја удрила во градите затоа што и приговарала дека ѝ биле премногу големи. Во Милано пак и рекле дека мора да ослаби. Но, затоа пак машките магазини ја обожавале. Тие ги сакале големите брендови.

Таа добивала ангажмани за долна облека, производи за нега на тело, козметика. Голем успех ѝ донела и кампањата за познатиот бренд на корнфлекс. Заработила и преку 100.000 фунти по едно снимање.

Share
Scroll to Top