Како влијае вежбањето на мозокот

Како влијае вежбањето на мозокот

пред 3 години

Истражувањата направени на Државниот универзитет „Вејн“ во Детроит, САД покажуваат дека вежбањето го подобрува физичко здравје, но силно влијае и на психичкото здравје. Психијатарот Араш Јаванбахт објаснува што се случува во мозокот кога вежбаме. Според Јаванбахт, редовното вежбање го подобрува расположението и ја менува биологијата на мозокот.

„Кардиовежбите, го менуваат мозокот. Наспроти она што некои го мислат, мозокот е многу пластичен орган. Не само што така се создаваат нови нервни врски секој ден, туку се создаваат и нови клетки во важните делови на мозокот. Една од клучните области е хипокампусот, кој е одговорен за учењето, помнењето и регулирањето на негативните емоции“, вели тој.

Молекулите познати како „мозочен невротрофичен фактор“ потекнуваат од мозокот и помагаат да се создадат нови мозочни клетки.

„Разни вежби кои се прават со висок интензитет значително го зголемуваат нивото на мозочниот невротрофичен фактор. Постојат докази од истражување врз животни дека овие промени влијаат на гените, а тоа доведува до промени во нервните врски и функциите“, вели д-р Јаванбахт.

Направените испитувања покажале и дека физичката активност може да спречи депресија, но и да ги намали физичките симптоми на анксиозност.

„Вежбањето може да ги смени чувствата на луѓето во однос на физичките симптоми на вознемиреност. Ова се должи на сличностите што ги имаат физичките влијанија на вежбањето, особено вежбите со висок интензитет, со оние на анксиозноста: отежнатото дишење, срцебиењето и стегањето на градите и слично“, вели тој.

Вежбањето ја зголемува и самодовервбата. Вон Колинс од компанијата „Комплит“ вели дека редовното вежбање го направила поспособен и повешт јавен говорник.

„Кога почнав да пливам, пред повеќе години, веднаш открив дека се подобрува квалитетот на мојот јавен настап. Честопати изведував поголеми групни обуки. Мојата способност да го регулирам вдишувањето и издишувањето драстично се подобри. Тоа е поради моите бели дробови кои научија да дишат со длабоки, бавни вдишувања додека пливам. Придобивките беа неверојатни и со текот на времето, само се подобруваат. Ако сметате дека е тешко да дишете во одредени ситуации, како што е јавен настап – одете на вежби, и тоа со редовен распоред“, вели Колинс.

Share
Scroll to Top