Како започнал да се празнува Божик

Како започнал да се празнува Божик

пред 2 години

Денеска е Божиќ  за сите што се водат по  Грегоријанскиот календар. Католиците го слават раѓањето на Синот Божји, неговото доаѓање на земјата и љубовта која го принудила да го земе човековото тело, да ги живее на земјата сите несреќи на човековата судбина и да го даде својот живот за нас. Два милениуми луѓето низ целиот свет практикуваат религиозни и спектакуларни традиции. Обичаите вклучуваат размена на подароци, украсување божикни дрва, одење во цркви, ручек со семејството и пријателите и, се разбира, чекањето на Дедо Мраз.

Стар празник

Средината од зимата одамна било време за прослави низ светот. Векови пред доаѓањето на Исус, првите Европејци ја славеле светлината и раѓањето на сонцето по најтемните денови од зимата.

Во Скандинавија, Норвежаните го славеле Јуле од 21 декември, зимската рамнодневица, и во текот на јануари. Во прославата на враќањето на сонцето, татковците и синовите носеле дома големи дрвени трупци кои ги гореле. Луѓето јаделе додека дрвата гореле, што можело да трае и до 12 дена. Норвежаните верувале дека секоја искра од огнот претставува ново прасе или теле кое можеби ќе се роди во текот на следната година.

Крајот од декември бил совршено време за прослави низ  Европа. Животните се колеле  за да не бидат  хранета во текот на зимата, а  виното и пивото кое го правеле во текот на годината, конечно ферментирало и било подготвено за пиење.

Во Германија луѓето го славеле паганскиот бог Один за време на празниците насред зима. Германците се плашеле од Один, верувале дека навечер летал по небото за да ги гледа, а потоа решавал кој ќе успее, а кој ќе пропадне. Заради неговото присуство „таму горе“, многу луѓе одлучувале да си останат во своите домови.

Сатурналиите

badnikВо Рим, каде зимите не биле толку силни како на далечниот север, се славеле Сатурналиите – празник во чест на Сатурн, богот на земјоделието. На почетокот на неделата кога била зимската рамнодневица и во текот на следниот месец, за Сатурналиите бил време за хедонизам, кога имало изобилство од храна и пиење, а нормалниот римски социјален поредок бил превртен на глава. Цел месец робовите можеле да бидат господари. Со градот управувале селаните. Бизнисите и школите биле затворени за сите да учестуваат на забавата.

За зимската рамнодневица, римјаните славеле и Јувеналиа, гозба во чест на римските деца. Богатите луѓе на 25 декември го славеле раѓањето на Митра, богот на неосвоивото сонце. Се верувало дека Митра, детето бог, било родено од камен. Роденденот на Митра било најсвет ден во годината.

Во првите години од христијанството, Велигден бил главниот празник; раѓањето на Исус не било прославувано. Во четвртиот век, црквените власти решиле да го воведат раѓањето на Исус како празник.

Библијата не наведува датум на неговото раѓање. Се верува дека црквата го одбрала овој ден во обид да ги прифати и адаптира традициите од славењето на паганските Сатурналии. Првично наречен Гозба за раѓањето на Исус, обичајот се проширил во Египет во 423 г.н.е., и во Англија до крајот на шестиот век. До крајот на осмиот век, славењето на Божик се проширило се до Скандинавија. Денес грчката, руската и други православни цркви го слават Божик 13 дена по 25 декември, исто така во чест на Богојавлението или Трите кралеви. Се верува дека овој ден трите мудреци конечно го пронашле Исус во шталата.

Со прославувањето на Божиќ  во време како и традиционалните прослави за време на зимската рамнодневица, црковните водачи ги зголемиле шансите популарноста на Божик да биде широко прифатена.

Share
Scroll to Top