Камерон Дијаз откри зошто се повлече од актерството: „Не ме интересираше“

Камерон Дијаз откри зошто се повлече од актерството: „Не ме интересираше“

пред 2 месеци

Американската актерка Камерон Дијаз откри зошто се повлече од актерството пред десет години.

Последните филмови во кои актерката се појави се Annie, The Sex Tape и The Other Woman

Актерката ќе се врати во филмскиот свет следната година, во акционата комедија на Нетфликс, Back in Action, заедно со Џејми Фокс.

Тоа ќе биде првиот филм во кој таа ќе се појави во 11 години. Како што објасни, се повлекла од Холивуд за да се посвети повеќе на семејството и да започне неколку претприемачки проекти.

„За мене тоа беше неопходна работа. Чувствував дека морам да го сторам тоа за да ја вратам контролата врз мојот живот. И, искрено, не ми беше грижа за ништо друго”, рече Дијаз пренесува Variety.

Таа исто така објасни дека ниту една од понудите што ги добила во тоа време не била доволно добра за да ја промени нејзината одлука.

Share
Scroll to Top