Камион со облека и храна од Бали Бег и Неџла за настраданите од Турција

Камион со облека и храна од Бали Бег и Неџла за настраданите од Турција

пред 1 година

Познатиот брачен пар од Турција, актерите Бурак Озвџит и Фахрије Евџан испратиле камион со облека и храна за луѓето од регионите во Турција кои беа најпогодени од земјотресите.

Парот исто така донирал околу 30.000 евра во добротворната организација „АФАД“.

Уште од првиот ден по земјотресот парот собирал донации по пат на вклучување во живо на социјалните мрежи.

Во собирање помош за Турција се вклучија голем број познати актери од земјата, едне помеѓу нив беше и актерот Ибрахим Челикол, кој испратил донации на кризните места. Според објавите, актерот покрај парични средства испратил 3 камиони и 15 комбиња со хуманитарна помош за градот Хатај.

И актерот Кивач Татлитуг донираше 9.800 евра, а турскиот фудбалер Мерих Демирал донираше скоро 50 илјади евра помош за настраданите.

 

 

 

Share
Scroll to Top