Откако по 7 години брак Ким Кардашијан поднесе документи за развод од Канје Вест, сега познатиот рапер и дизајнер во судот го достави својот одговор на барањето на Ким. Тој сака да има заедничко законско и физичко старателство над нивните четири деца, ќерките Норт (7) и Чикаго (3) и синовите Сејнт (5) и Псалм (2). Канје исто така побарал сопружниците да не плаќаат алиментација по разводот.
Според американските медиуми, неговите барања се скоро исти со барањата што ги има наведено Ким во тужбата за развод. Во документот стои дека причина за разводот се ненадминливите разлики меѓу парот.
Вест (43) и Кардашијан (40) почнаа да се забавуваат во 2012 година, а се венчаа на 24 мај 2014 година. Разделбата се случи една година откако во медиумите почна да се пишува дека тие се разведуваат. Иако тогаш негираа, годинава во јануари, Ким поднесе барање за развод.
„Тие едноставно не се на истото рамниште кога станува збор за нивната иднина како семејство. Двајцата се согласуваат дека колку помалку стрес доживуваат децата, толку подобро. Канје ги сака своите деца. Тој сака да бидат среќни и не сака да се бори со Ким за ништо“, рекол нивни пријател за медиумите во САД.
Извор близок до Вест претходно за „Пипл“ изјави дека „тој не е среќен, но ја прифати реалноста дека Ким сака да се разведат. Тој знаеше дека таа подготвува барања за развод, но тоа не значи дека му е лесно“.