Канје и Бјанка го поминаа Велигден со неговите четири деца од бракот со Ким Кардашијан

Канје и Бјанка го поминаа Велигден со неговите четири деца од бракот со Ким Кардашијан

пред 9 месеци

Канје Вест и Бјанка Ценсори го поминаа Велигден со неговите четири деца од бракот со Ким Кардашијан. Парот бил снимен пред ресторан во Малибу, по што со децата отишле во кино.

Бјанка, на изненадување на многумина, се дотера за велигденското дружење со децата, но секако на свој начин.

Италијанката носеше сребрено боди кое ги истакна сите нејзини облини. Канје се обиде да биде што е можно понезабележителен во црно, додека го држеше за рака синот Сеинт.

Останатите деца го следеа примерот. На разделбата сите цврсто ја прегрнаа Бјанка.

Инаку, децата Кардашијан-Вест претходно го славеа празникот во куќата на нивната баба Крис Џенер.

За потсетување, Бјанка веќе извесно време се појавува насекаде во разголени изданија и покажува интимни делови од своето тело, а раперката своите експлицитни фотографии и видеа ги објавува на Инстаграм.

Share
Scroll to Top