Каскадер јa оставил Анџелина Џоли за да биде со девојка му

Каскадер јa оставил Анџелина Џоли за да биде со девојка му

пред 4 години

Каскадерот Хавиер Лејк ја оставил американската глумица Анџелина Џоли, за да биде со девојка му, пишуваат американските таблоиди. Лејк и Џоли се запознале за време на снимањето на филмот на „Марвел“, The Etrnals и двајцата се забавувале одреден период.

Откако информацијата стигна во јавноста за нив двајцата и за тоа колку биле блиски, голем дел од медиумите им предвидоа долга и среќна врска.

Магазинот Woman’s Day пишувал дека двајцата влегле во љубовна авантура, откако Џоли се разделила од Бред Пит. Порталот Gosip Gop повикувајќи се на извор близок до глумицата, пренел дека Лејк ја освоил со својот неодолив изглед и дека двајцата имале многу заеднички интереси.

„Џоли беше среќна со Лејк, иако не беше сигурна дали среде развод сака да се впушти во нова врска. Сепак се радуваше што конечно некој по подолго време успеа да ѝ ја врати насмевката на лицето“, открил изворот.

Сепак тој открил дека нивната врска никогаш не успеала затоа што тој веќе бил заљубен во својата девојка Елена Фотис. Тој потенцирал дека нити еден од нив, никогаш и не објавиле заедничка фотографија на социјалните мрежи.

 

Share
Scroll to Top