Катерина Ацевска освои бронза на Европско во џиу џицу во Франција

Катерина Ацевска освои бронза на Европско во џиу џицу во Франција

пред 2 години





Катерина Ацевска освои бронза на Европското првенство во џиу џицу во Франција. Македонската натпреварувачка во Веркуин, Франција освои трето место во категоријата +70 кг (У21).

Ацевска во борбата за бронзениот медал ја победи Унгарката, Ана Вираг Дудаш.

На Европското првенство во џиу џицу за У16, У18 и У21 се натпреваруваше уште една Македонка, Ева Димитрова која освои седмото место.

На ова ЕП пријавени беа 1170 борци од 31 држава.





Share
Scroll to Top