Кафе-муабет со Агрифина Аликас: Работам со младенци и таа привилегија ми носи позитивна енергија

Кафе-муабет со Агрифина Аликас: Работам со младенци и таа привилегија ми носи позитивна енергија

пред 3 години

Алармот ме буди во 6 часот. Сакам да станувам рано за да го искористам секој момент од денот. Задолжителна е мојата утринска јога за да ме опушти и да ми даде позитивна енергија.

Утринското кафе го пијам со мојот тим од Allikas и Lоve и тогаш разговараме за нашите планови. Секогаш ми е битно да ги слушнам нивните предлози и сугестии за потоа да бидеме уште подобри во услугата која ја даваме на нашите клиенти. Затоа и секогаш знам да кажам дека вработените се семејство, а на сложното семејство никој ништо не му може.

Во текот на денот се состанувам со многу соработници и клиенти, па затоа мојата облека секогаш мора да биде таква за да влева сериозност и сигурност кај соговорникот. Но таа мора да биде и удобна бидејќи многу часови поминувам на моето работно место.

Ја имам и таа привилегија да работам со младенци кои секогаш доаѓаат со позитивна енергија, па мора да кажам дека тоа ме храни душевно и ме подмладува.

Што се однесува до негата на кожата, користам единствено бебешка козметика и за освежување црвен кармин. Сметам дека во мојата професија секој сака да разговара со лик кој ќе му влее доверба, а за таа цел е најдобар природниот и ненападен изглед.

Викендите за мене се работни бидејќи најчесто тогаш се свадбите и прославите, но затоа преку недела ја користам секоја прилика да отпатувам некаде со семејството.

Кафе-муабет со Агрифина Аликас, сопственик на Аликас и Love

Share
Scroll to Top