Кафе-муабет со Елена Велевска: Посебен ритуал ми е да се заблагодарам на Бог за она што ми има дадено

Кафе-муабет со Елена Велевска: Посебен ритуал ми е да се заблагодарам на Бог за она што ми има дадено

пред 3 години

Утрото ми почнува во шест часот. Од малечка се навикнав да сум ранобудна. Посебен ритуал ми е тоа што секогаш му се заблагодарувам на Бог за секој нов ден и за сѐ што ми има дадено. И овој ритуал практикувам да го пренесам на моите деца. Утринското кафе, пак, сакам да го испијам со луѓето што ги сакам. И тоа е најчесто турско кафе или макијато. Искрена да бидам, сакам да му се радувам на секој ден од животот и често знам да кажам животот е прекрасен за оној што знае да го живее. Господе нека биде и денес волјата твоја.
Моите викенди им ги посветувам на децата. Им стојам на располагање за да им го направам викендот незаборавен.
Секое утро имам ист ритуал: миење лице, заби, туширање и средување на косата. Откако ги затворија фитнес-центрите изгубив одговорноста кон вежбањето, па сега ќе почнам со трчање и пешачење. Ако пак ме шрашуваш како ја избирам облеката, тоа е во зависност од временските услови и сезоната во која се наоѓаме. Ама гледам да сум позитивна и идејата за избор на гардероба сама доаѓа.

Елена Велвеска,  фолк-пејачка 

Share
Scroll to Top