Кајли Џенер изгуби милиони фанови затоа што ја исмеваше Селена Гомез

Кајли Џенер изгуби милиони фанови затоа што ја исмеваше Селена Гомез

пред 2 години

Една од најпознатите светски инфлуенсерки и модели, Кајли Џенер изгуби милион фанови на „Инстаграм“, откако ја исмеа пејачката Селена Гомез. Во драмата вмешана била и сопругата на нејзиниот бивши Џастин Бибер, Хејли.

Кавгата почнала на 22 февруари кога милиони забележале како Хејли и Кајли почнале да ја исмеваат Селена за нејзиното појавување на социјалните мрежи. Тоа се случи истиот ден кога Селена ја симна Кајли од тронот како најследена жена на „Инстаграм“. Почна навивачка војна.

Милиони луѓе застанале во одбрана на Селена и почнале да ги повикуваат другите да ја следат на социјалните мрежи, а да ги отследат Хејли и Кајли. Бројот на нивните следбеници почна брзо да опаѓа, додека оние на Селена од 381 милион се искачи на повеќе од 389 милиони.

Фотографијата која Селена ја објави денес има 17 милиони лакови, а во исто време Кајли и Хејли мораа да ги заклучат коментарите на нивните објави поради големиот број хејтери.

Share
Scroll to Top