Кевин Спејси доби прва филмска улога четири години по обвинувањата за сексуално злоставување

Кевин Спејси доби прва филмска улога четири години по обвинувањата за сексуално злоставување

пред 4 години

Холивудскиот глумец Кевин Спејси ја доби својата прва улога на филм, откако во 2017 година беше обвинет за сексуално злоставување. Тој ќе игра детектив во италијанскиот филм L’uomo Che Disegno Dio.

Луис Неро, продуцент на нискобуџетниот инди-филм за „Варајети“ потврди дека Спејси веќе започнал со снимање. Тој ќе има мала улога на полициски детектив. Италијанската ѕвезда Франко Неро ќе го режира и ќе го толкува главниот лик на филмот, а главната женска улога треба да ја глуми Венеса Редгрејв.

Ова ќе биде прва филмска улога на Спејси по повеќекратните обвинувања за сексуално злоставување и недолично однесување против него на почетокот на 2017 година. Откако неколку момчиња го обвинија за злоупотреба, Спејси се повлече од јавноста.

Share
Scroll to Top