Кети Пери и Џастин Трудо првпат заедно на црвениот тепих, официјално ја потврдија врската

Кети Пери и Џастин Трудо првпат заедно на црвениот тепих, официјално ја потврдија врската

пред 5 часа

Светската музичка ѕвезда Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо официјално ја потврдија својата љубовна врска со првото заедничко појавување на црвениот тепих.

Двојката присуствуваше на светската премиера на концертниот документарец „Кети Пери: Доживотната турнеја – Во живо од Париз“, која се одржа во рамките на филмскиот фестивал „Трајбека“ во Њујорк. Пери се појави во бел винтиџ фустан, додека Трудо носеше класичен смокинг.

Покрај официјалното фотографирање, вниманието на присутните го привлекоа и нивните нежни гестови. Фотографите забележаа повеќе моменти исполнети со насмевки и блискост, а особено впечатлив беше моментот кога двајцата ги допреа челата и се насмеаја еден на друг.

Гласините за романса меѓу пејачката и поранешниот канадски лидер започнаа во јули 2025 година, кога беа забележани заедно во Монтреал. Во тој период Трудо присуствуваше и на еден од концертите на Пери во Канада заедно со својата ќерка Ела-Грејс.

Иако во првите месеци се појавија шпекулации дека врската се оладила, двојката повторно го привлече вниманието на јавноста во октомври минатата година кога беше фотографирана држејќи се за раце за време на прослава во Париз. Подоцна, тие ја потврдија врската и на социјалните мрежи со фотографии од заедничко патување во Токио.

По заедничките празници и новогодишните прослави, Пери и Трудо беа забележани и на музичкиот фестивал „Коачела“, каде заедно уживаа во настапите на светските музички ѕвезди.

Според медиумски извори блиски до парот, врската меѓу нив станува сè посериозна. Наводно, Кејти Пери веќе ја запознала својата петгодишна ќерка, која ја има од претходната врска со актерот Орландо Блум, со трите деца на Џастин Трудо.

Извор близок до двојката открил дека по нивниот прв состанок во Монтреал минатото лето, тие станале неразделни и покрај бројните професионални обврски успеваат да одвојат време еден за друг.

Со ова прво официјално појавување на црвениот тепих, Кејти Пери и Џастин Трудо ставија крај на сите шпекулации и јавно покажаа дека нивната врска е посилна од кога било досега.

Share
Scroll to Top