Кејти Холмс заљубена во француски банкар, три месеци откако раскина со помладиот дечко

Кејти Холмс заљубена во француски банкар, три месеци откако раскина со помладиот дечко

пред 3 години

Глумицата Кејти Холмс (42), која во мај ја раскина врската со девет години помладиот дечко, готвачот Емилио Витоло, почнала љубовна врска со францускиот банкар Оливие Саркози, пишува Woman’s Day. Оливие и Кејт се гледаат неколку недели, во Њујорк, и романсата е на почетокот, но таа делува заљубена и среќна, пишува американскиот магазин и додава дека Кејти упорно сака да најде нов маж.

„Никој не е сигурен до каде ќе стигне ова, за сега тие се забавуваат, ништо официјално. Сите нејзини пријатели се обидуваат да имаат мали очекувања“, рекол извор близок до глумицата.

Саркози во Америка е познат како поранешен маж на актерката Мери-Кејт Олсен. Тие се разведоа во јануари, но оттогаш Оливие неколју пати дошол во Њујорк, каде што се запознал со Кејти.

„Таа бара сопруг, па затоа можеби ѝ се допаѓа некој како Оливие, откако се посрамоти со Емилио Витоло. Веќе се обидува да научи француски јазик и да прочита повеќе меѓународни весници за да дознае повеќе за идниот партнер, кој, верувајте, е многу поромантичен од неа“, рекол истиот извор.

Share
Scroll to Top