Кејт Мидлтон со круна од 3 милиони фунти, првпат како принцезата од Велс присуствуваше на кралски банкет

Кејт Мидлтон со круна од 3 милиони фунти, првпат како принцезата од Велс присуствуваше на кралски банкет

пред 2 години

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон го имаше своето прво формално појавување како Катерина, во Бакингемската палата.

dobivaj vesti na viber

На банкетот во чест на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, Кејт се појави во бела креација на дизајнерката Џени Пекам. Фустанот е модно парче од високата мода, а модните критичари велат дека е совршен избор за овој свечен настан во Бакингемската палата.

Вниманието го привлече украсната круна „Љубовен јазол“, која првично била направена за кралицата Марија во 1913 година, апотоа ја наследила кралицата Елизабета Втора, која, пак, ѝ ја позајми на принцезата Дајана. Поради популарноста на принцезата Дајана, оваа круна беше една од најпознатите во историјата.

Кога Кејт Мидлтон се омажи за принцот Вилијам во 2011 година, 14 години по смртта на принцезата Дијана, кралицата Елизабета ѝ ја подари оваа круна. Круната не е единственото парче накит со кое принцезата Катерина им оддаде почит на жените од кралското семејство. Таа ја надополни својата модна комбинација и со бисерна нараквица, која ѝ припаѓаше на кралицата Елизабета Втора.

Share
Scroll to Top