Кил ја победи Барселона и четврти пат стана европски шампион во ракомет

Кил ја победи Барселона и четврти пат стана европски шампион во ракомет

пред 10 месеци

Екипата на Кил е новиот европски шампион во ракомет, откако во финалето ја победија Барселона со резултат 33-28. Ова е нивна четврата победа во Лигата на шампиони.

Барселона беше без пораз од септември 2019 година, па затоа многумина ги сметаа за фаворити во финале, но германскиот тим имаше одличен натпревар и ја диктираше играта од почеток до крај. Тренерот на екипата, Филип Јиха, истовремено, се запиша во ракометната историја како прв што станал европски првак и како играч и како тренер на ист тим.

Кил беа предводени од Никлас Ландин на голот, а освен него, најзаслужни за победата беа Екберг со осум и Сагосен со седум гола. Кај Барселона најефикасни беа Абелјо со десет и Мем со четири погодоци.

Ова е четврти трофеј од ЛШ за Кил по тие во 2007, 2010 и 2012 година. Барселона до сега има девет титули, а последниот пехар го освои во 2015 година.

Пред финалето, во натпреварот за трето место, Пари Сен-Жермен го победи Веспрем.

Вардар, кој беше шампион лани, не успеа да ја одбрани титулата. Заради пандемијата со Ковид-19, четирите учесници на Фајнал фор турнирот беа одредени така што играа двете најдобропласирани екипи во двете групи.

Share

New Game! Episode 12

Watch Disgaea (Dub) Episode 12

TwistMoe Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AniWatch: Time Bokan Series: Gyakuten Ippatsuman anime episode 1 online free at https://aniwatch.pro anime websites

Sqlservercentral: https://www.sqlservercentral.com/forums/user/kissanimemx

Gumroad: https://gumroad.com/animeflixnl

Scroll to Top