Кире најави за последен пат игра со репрезентацијата, Македонија загуби од Белорусија и си заминува од Мундијалот

Кире најави за последен пат игра со репрезентацијата, Македонија загуби од Белорусија и си заминува од Мундијалот

пред 4 месеци

Македонија со пораз од Белорусија го заврши учеството на СП во Египет. Ракометарите загубија 30:26, откако на полувреме резултатот беше нерешен, 14:14.

Кире Лазаров кој најави дека последен пат игра за репрезентацијата на Македонија, го заврши натпреварот со седум голоби и беше прогласен за најдобар ракометар на натпреварот.

Тој минатата година во интервју за „Вечерњи лист“ најави дека ќе замине во пензија.

„Имам договор на уште една година и мислам дека тоа ќе биде крајот, нема повеќе смисла. Ќе останам во спортот како тренер“, изјави Лазаров.

Тој потврди дека до крај ќе биде на располагање за нашата репрезентација.

„Кога веќе играм за Нант ќе играм и за македонската репрезентација“, посочи бекот.

За потсетување, Македонија настапи на ова Светско првенство без подготовки. Влеговме во последен момент како замена за Чешка, која се повлече од турнирот.

По четири гола дадоа Жарко Пешевски и Филип Кузмановски. Кај Белорусија, најдобар беше Владислав Кулеш со седум гола.

Македонија на Светското првенство играше како замена за Чешка, која се повлече од турнирот поради коронавирусот.

 

 

 

Share

AnimeHeaven animeheaven dragon ball super: My Hero Academia 3 Episode 25

AnimeTV go anime tv: Watch Attack on Titan Episode 15

Scroll to Top