Колку траел животот на Лајка во вселената, тајна која се криела со години

Колку траел животот на Лајка во вселената, тајна која се криела со години

пред 4 години

Уличното куче Лајка, се запиша во историјата како првото живо суштество кое ја напуштило Земјината атмосфера на пат, од кој немало враќање назад. Пред 63. години, на 3. ноември 1957 година, СССР го лансираше сателитот со Лајка во него, за да ја тестира безбедноста за мисиите кои подоцна требало да се направат со човечки екипаж.

„Девет круга околу Земјата ја направија Лајка прв светски астронаут, кој бил жртвуван за да наредните мисии во вселената биле успешни“, изјавил во еден момент, рускиот биолог Алилија Котовска, која е горда на својата работа со тренерот на Лајка.

Пред Лајка, имало неколку обиди со други кучиња кои летале по неколку минути, само за да научниците дојдат до податоци за тоа, како тие се снаоѓаат во безгравитациона состојба. Сепак, Лајка беше првото куче кои беше испратено во вселената.

За да кучињата се прилагодат на капсулата под притисок, која е долга само 80 сантиметри, Котовска ги тренирала животните така што, како минувало времето, таа ги сместувала во сè помали кафези. Кучињата минувале и тестови под центрифуга, која ја стимулира силата при лансирањето на сателитот, но и бучавата која истиот ја создава.

Од сите други кандидати, токму Лајка, тригодишно куче од мешана раса, најдено на улиците во Москва, најдобро се снашла на тестовите.

„Одбравме женка, затоа што тие не мораат да ги дигаат нозете при мокрење и така завземаат помал простор. Биравме скитник, затоа што тие се најснаодливи и не барат премногу“, објаснила Котовска, додавајќи дека кучињата морале да бидат и фотогенични.

Освен фотогенични, поради пропагандата, тие добивале и значајни имиња. Името Лајка доаѓа од рускиот збор, кој значи „лаење“. Котовска вели дека имала исклучителен нарав, прилагодливост и интелегентен љубопитен поглед и додава дека пред мисијата, сите членови од тимот, дошле да се простат од Лајка.

„Знаевме дека ќе загине за време на летот, во тоа време немаше начин како да ја вратиме назад. Отидов да ја посетам, ја замолив да ни прости и плачев додека ја мазев за последен пат“, раскажува Котовска. Ден подоцна, Лајка тргна на пат од кој немаше назад.

Сателитот Спутник бил лансиран во 5:30 часот според московско време во Казахстан, а на почетокот изгледаше како работите да одат според планот.

„За време на полетувањето, срцето на Лајка чукало забрзано, а дури по три часа се вратило во нормала. Потоа оддеднаш за време на деветиот круг околу Земјата, температурата во капсулата почнала наеднаш да скокнува и достигнала и до 40 степени Целзиусови.

Тоа настанало поради недоволната изолација од Сончевите зраци. Иако постоело надеж дека Лајка ќе остане жива барем десет дена, таа починала поради топлотниот удар и дехидрација по само неколку часа од лансирањето.

Советското радио и покрај тоа, продолжило да известува дека таа е жива и дека е во одлична состојба. Лајка станала светски херој.

Според официјалната верзија, која Москва долго време ја држела во тајност, Лајка загинала од отровот ставен во храната за да не изгоре во моментите при повторното влегување во капсулата во атмосферата.

Самиот „Спутник“ се распаднал во атмосферата на 14. април 1958 година, над Антила. Лајка тогаш веќе со месеци била мртва. Вселенското патување на Белка и Стрелка, првите кучиња кои се вратиле од вселената на 19. август 1960 година, го отворил патот на Јуриј Гагарин, кој на 12. април 1961 година, станал првиот човек кој патувал во вселената.

 

 

Share
Scroll to Top