Конечно доаѓа вистинско лето: Македонија подготвена за температури над 30 степени

Конечно доаѓа вистинско лето: Македонија подготвена за температури над 30 степени

пред 3 часа

По денови исполнети со дожд, нестабилно време и посвежи температури, конечно пристигнуваат вистински летни денови во Македонија. Новата седмица носи значителна промена на времето и пораст на температурите, а на повеќе места термометрите ќе се доближат и ќе ја надминат границата од 30 степени.

Според најновите метеоролошки анализи, во текот на следните денови ќе преовладува постабилна атмосфера, што ќе донесе повеќе сончеви периоди и пријатно топло време низ поголемиот дел од земјата.

Дневните температури во повеќе региони ќе се движат меѓу 25 и 30 степени, додека во централните и југоисточните делови од Македонија, како и во Скопската котлина, живата во термометарот ќе надминува 30 степени.

Сепак, и покрај стабилизирањето на временските услови, метеоролозите предупредуваат дека локално и повремено ќе останат услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За разлика од делови од западна и југозападна Европа каде веќе се бележат многу високи температури и силни топлотни бранови, кај нас засега не се очекуваат екстремно жешки денови. Наместо тоа, времето ќе биде потопло, но далеку попријатно и поумерено.

По сè изгледа, љубителите на сонцето конечно ќе можат да здивнат – летото полека, но сигурно пристигнува.

Share
Scroll to Top