Кошаркари, тренери и навивачи од ист тим среде натпревар се тепале меѓу себе

Кошаркари, тренери и навивачи од ист тим среде натпревар се тепале меѓу себе

пред 2 години

Кошаркарите, тренерите и навивачите од кошаркарскиот клуб Албес, кој игра во третата македонска лига, се тепале меѓу себе на натпреварот со Спарта. Инцидентот се случил пред крајот на полувремето, кога еден од кошаркарите на Албес промашил две слободни фрлања. Тренерот се налутил, па на тајмаут дошло до вербална кавга помеѓу двајцата и бркање на кошаркарот.

На патот кон соблекувалната дошло до тепачка во која се вклучиле и останатите членови на Албес, како и навивачи, роднини и пријатели на овој тим кои се симнале од трибините.

Според информациите од официјалниот записник, целиот гостински тим на чело со тренерот на паузата ја напуштил салата, по што следел и службен пораз.

Share
Scroll to Top