Потребни состојки:
170 грама чоколадни бисквити
50 грама путер или маргарин
100 грама црно чоколадо
500 грама крем (обичен, растителен или од соја)
арома на ванила
200 грама кондензирано млеко
2 лажици какао
Начин на подготовка:
Измелете ги бисквитите во блендер и префрлете ги во подлабок сад. Додајте го растопениот путер и 1 лажица крем. Измешајте добро. Ставете ја смесата во калап со дијаметар од 18 см, добро притиснете и израмнете. Ставете 100 грама чоколадо и 100 грама крем во сад и стопете ги во микробранова печка. Измешајте 400 грама крем и арома на ванила и додајте 200 грама кондензирано млеко. Земете половина од кремот и додајте 2 лажици какао. Формирајте кружни форми со темниот крем на основата во калапот и обложете ги со растопено чоколадо. Наполнете ги дупките со бел крем и одозгора исцртајте со растопеното чоколадо. Измазнете и премачкајте со чоколадо. Ставете ја тортата во замрзнувач да стои неколку часа. Извадете ја 20 минути пред сервирање.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Милевски: Имам голема почит кон Стефан и моја идеја беше да биде капитен, му замерувам само што за повлекувањето дознав преку социјалните мрежи
На публиката ѝ недостигал Дарио, распродаден првиот и закажан втор концерт
Мојот брат ми умре на раце, а татко ми не пушти ни солза на погребот: Златан Ибрахимовиќ за семејните несреќи и омразата што ја носел низ животот
По Кание Вест и актерот Вил Смит размислува да се кандидира за претседател на САД
(Видео) По 55 часа докторите успеаја да не ми ја ампутираат ногата: Ешли Џад за несреќата во Конго
Хамилтон останува во Мерцедес уште две години за плата од 40 милиони фунти
