Лазањи со пилешко - Reporter.mk

Лазањи со пилешко – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

1 пакување кори за лазањи кои не се варат
300 гр пилешко бело месо
300 мл неутрална павлака
200 мл кисела павлака
2 моркова
200 гр кашкавал
Сол, вегета
100 мл кечап
Масло

Начин на подготовка:

Пилешкото исечкајте го на коцки, изрендајте го морковот и зачинете по вкус. Зачинетото пилешко пропржете го на масло пет минути. Потоа прелијте го со 200 мл неутрална павлака измешана со кисела павлака и оставете да се крчка додека не се згусне. Остатокот од неутралната павлака оставете го за подоцна. Правоаголен огноотпорен сад премачкајте со масло и наредете го првиот ред лазањи. Над кората се става филот со пилешко и павлака, се прелева со малку кечап и се повторува процесот додека не го потрошите целиот материјал. Одозгора прелијте го остатокот од неутралната павлака и обилно посипете со рендан кашкавал, а по желба додадете малку кечап. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете 45 минути во загреана рерна на 200 степени. Потоа извадете ја фолијата и печете уште пет минути за да се запече коричка. Послужете топло.

Share
Scroll to Top