Леб и сол добиваат Орден за заслуги

Леб и сол добиваат Орден за заслуги

пред 7 месеци






На свечена церемонија, претседателот Стево Пендаровски,  денес ќе ги одликува музичарите Бодан Арсовски, Кокан Димушевски, Влатко Стефановски и Гарабет Тавитјан со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот.

Церемонија на одликување со Орден за заслуги ќе се одржи во Кабинетот на претседателот во 19.30 часот.

Култната македонска џез-рок група „Леб и сол“ е основана на 1 јануари 1976 година и испиша современата македонска музичка историја.






Share
Scroll to Top