Лејди Гага на инаугурацијата на Бајден носела фустан отпорен на куршуми

Лејди Гага на инаугурацијата на Бајден носела фустан отпорен на куршуми

пред 3 години

Светската ѕвезда Лејди Гага откри дека на инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден лани на 20 јануари, носела фустан отпорен на куршуми. Црно-црвениот фустан со златен брош во облик на гулаб е кеацијата на модната куќа Schiaparelli.

„Бев воодушевена кога го видов златниот брош во облик на гулаб. Ѕchiaparelli е италијанска модна куќа, а со изборот на фустанот сакав да покажам колку сум горда на моето италијанско-американско потекло. Го пречекав 46. претседател на САД на достоинствен начин, но во фустан отпорен на куршуми“, рекла Гага.

Настапот на инаугирацијата на Бајден, Гага во интервју за магазинот „Вог“ го нарече еден од најубавите  моменти во нејзиниот живот. Таа во интервјуто откри и дека се плашела додека Доналд Трамп бил претседател.

„Како и многу луѓе во Америка, чувствував неопислив страв кога Трамп беше на власт. И н е знам дали публиката го знае ова за мене, но порано сакав да бидам воена новинарка“, открила таа во интервјуто.

Share
Scroll to Top