Линдзи Лохан ќе стане мајка: среќна сум поради новиот член во семејството

Линдзи Лохан ќе стане мајка: среќна сум поради новиот член во семејството

пред 2 години






Актерката и пејачка Линдзи Лохан е бремена. Таа нејзините следбеници ги информираше преку објава на Инстаграм.

Лохан го очекува своето прво дете со сопругот Бадер Шамас.

„Многу сме возбудени поради доаѓањето на нашиот нов член во семејството и со нетрпение го очекуваме ова следно поглавје од нашите животи“, изјавила Лохан за ТМЗ, која за прв пат ќе стане мајка.

Таа последен пат беше видена на ревијата на Кристијан Сириано во Њујорк на почетокот на февруари, кога носеше широка облека.

Нејзините последни неколку објави на социјалните мрежи беа фотографии на кои се гледа само нејзиното лице.





Share
Scroll to Top